Професионалност

Нашиот тим постојано работи во поглед на усовршување на нашите услуги, се со цел за максимално исполнување на вашите потреби и очекувања.


Безбедност

Co Изјава за безбедност се утврдуваат сите видови на можни опасности и штетности на работни места и во работна средина


Обуки

Обучување на вработените за безбедност и здравје при работа е обврска на работодавачот која што е регулирана со Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за водење на евиденција од областа на БЗР.



Нашата дејност

Проценка На Ризик

Проценката на ризик се изработува кај работодавачот за сите работни места во работната средина со анализа на веројатност.


  • Општи податоци за работодавачот;
  • Назив на работното место и бројот на извршители на кои се однесува проценката наризикот
  • Опис на технолошкиот процес и работниот процес, опис на средствата за работа и опис на средствата и опремата за лична заштита при работа
  • Опис на организацијата на работа (внатрешна организација на работата и систематизација на работните места за обавување работи од дејноста на работодавачот)
  • Препознавање и утврдување на опасности и штетности на работното место и работната средина
  • Нивото на ризикот

Изјава За Безбедност

Co Изјава за безбедност се утврдуваат сите видови на можни опасности и штетности на работни места и во работна средина, се врши проценка на ризикот од настанување на повреда при работа или оштетување на здравјето, т.е. заболувања на вработените на работните места и во работната средина, се утврдуваат начини и мерки за нивно отстранување, односно намалување на нивото на ризик.


Обуки На Вработени За Безбедно Извршување На Работата

Обучување на вработените за безбедност и здравје при работа е обврска на работодавачот која што е регулирана со Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за водење на евиденција од областа на БЗР.

Обучувањето се врши на работното место во организацијата и на трошок на работодавачот. Опфаќа теоретски и практичен дел. Со обуката вработените треба да се запознаат со правата, обврските и одговорностите од областа на БЗР, усвоените процедури за БЗР кај работодавачот и сите опасности, штетности, ризици и мерки за нивно отстранување на секое конкретно работно место.



Тестирање И Контрола На Опрема За Работа

Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.

Ако со упатството на производителот и со другите прописи не се предвидени други рокови, работодавачот е должен средствата за работа да ги прегледа и испита:

  • Пред првата употреба
  • по реконструкција или хаварија
  • по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично)

happy wheels