Co Изјава за безбедност се утврдуваат сите видови на можни опасности и штетности на работни места и во работна средина, се врши проценка на ризикот од настанување на повреда при работа или оштетување на здравјето, т.е. заболувања на вработените на работните места и во работната средина, се утврдуваат начини и мерки за нивно отстранување, односно намалување на нивото на ризик.

Актот за изготвување на изјавата за безбедност се врши на начин според донесена одлука од страна на работодавачот за поведување на проценка на ризикот со одредување на едно или повеќе стручни лица од редот на вработените одговорни за спроведување на постапката на проценка на ризик.

Изјава за безбедност со проценка на ризик се изработува за секое работно место кај работодавачот.

Изјавата за безбедност на работодавачот треба да содржи:

Изјавата за безбедност треба да биде изработена во писмена форма.

Изјавата може да се менува и дополнува:

Изјавата за безбедност на работодавачот се однесува на претходно изготвената Проценка на ризик на работните места додека, документацијата за изработка на оваа Изјава треба трајно да ја чува работодавачот.