Проценката на ризик се изработува кај работодавачот за сите работни места во работната средина со анализа на веројатност.
Проценката на ризик содржи:
Проценката на ризикот се заснова на следните податоци:
Препознавање и утврдување на опасностите и штетностите на работното место и работната средина се врши врз основа на податоците добиени од документацијата со која располага работодавачот, со набљудување и следење на работниот процес на работното место, со добивање на информации одвработените и од други извори, со дефинирање на можните опасности и штетности на кои укажуваат тие податоци.
При утврдување на опасностите и штетностите на работното место и работната средина се поаѓа од важечки стручни наоди за извршените прегледи и испитувања на средствата за работа, извршените испитувања на условите на работната средина, извештаи за извршените превентивни медицински прегледи на вработените, податоци за повреди на работа, професионални бoлести и болести во врска со работата, инспекциските наоди од извршените надзори, упатства за безбедена работа, пропишана документација за употреба и одржување, односно пакување, транспорт, користење, складирање, уништување и др.
Опасностите и штетностите можат да бидат препознаени, според нивната природа како:
Проценката на ризикот се заснова на анализа на веројатност на настанувањето и тежината на можната повреда на работа, оштетување на здравјето или болеста на вработениот во врска со работата на работното место и во работната средина.
Проценка на ризик се врши со избор и примена на соодветни методи, врз основа на препознати и утврдени опасности и штетности и утврдена листа на опасности и штетности во работната средина и на секое работно место.
Проценка на ризик се врши за секоја препозната, односно утврдена опасност или штетност, со споредување со дозволените вредности согласно со прописите во областа на безбедност и здравје при работа, техничките прописи, стандарди и препораки.
При проценка на ризик за секоја препозната, односно утврдена опасност или штетност, на работното место и во работната средина, потребно е посебно внимание да се посвети на можното оштетување на здравјето на групи работници (жени, млади работници, стари работници) и на работници кои работат на работни места со зголемен ризик или имаат посебни потреби (работници со хендикеп, работници со постоечки заболувања и сл).