Обучување на вработените за безбедност и здравје при работа е обврска на работодавачот која што е регулирана со Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за водење на евиденција од областа на БЗР.

Обучувањето се врши на работното место во организацијата и на трошок на работодавачот. Опфаќа теоретски и практичен дел. Со обуката вработените треба да се запознаат со правата, обврските и одговорностите од областа на БЗР, усвоените процедури за БЗР кај работодавачот и сите опасности, штетности, ризици и мерки за нивно отстранување на секое конкретно работно место.

Обучување се врши при:

Доколку вработениот извршува работи на повеќе работни места,мора да биде обучен за безбедна работа на сите тие места.

Составен дел од обуката за безбедност при работа  е запознавање на присутните со опасностите и штетностите на работните места и во работниот простор на работодавачот на сите лица кои што по било кој основ ќе се затекнат во просториите на работодавачот.Поради тоа е потребно истакнување на соодветни знаци на предупредување, забрана, правци и брзина на движење и слично, каде што е тоа потребно односно каде што постои опасност по живот или здравјето на лицата кои што ќе се затекнат во просториите кај работодавачот.

Работодавачот треба да има програма за обучување на вработените за безбедност и здравје при работа како и проверка на обученоста на секои три години за работни места со висок ризик согласно Изјавата за безбедност и проценката на ризик.