Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.
Ако со упатството на производителот и со другите прописи не се предвидени други рокови, работодавачот е должен средствата за работа да ги прегледа и испита:
– пред првата употреба,
– по реконструкција или хаварија и
– по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично).
Работодавачот не смее да стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа.